„Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата“.
Вчера, беше промовиран „Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата“.
Ова значајно издание е креирано со цел да послужи како клучен ресурс за родителите и стручните служби во училиштата, нудејќи им практични совети и насоки за ефикасно справување со предизвиците поврзани со насилството во образовниот контекст.
,,Публикацијата е дизајнирана како алатка која ќе им помогне на родителите да ја разберат својата клучна улога во превенцијата на насилството и во создавањето подобра и побезбедна училишна средина за нивните деца. Опремен со детални упатства и препораки, верувам дека Водичот ќе придонесе во градењето здраво и поддржувачко училишно опкружување. Со оглед на тоа дека децата поминуваат меѓу 6 до 8 часа дневно во училиште, повеќе од 200 денови годишно, училиштето е исклучително значаен дел од нивниот живот. Времето поминато таму е драгоцено, искуствата и знаењето што се стекнуваат се од непроценлива вредност. Да потсетиме, училиштето не е само место на учење, туку е и синоним за пријателства, први љубови, комуникација... Токму затоа, квалитетот и безбедноста на училишниот живот се од суштинско значење за здравиот развој на секое дете“, изјави Драги Змијанац – претседател на Прва детска амбасада во светот Меѓаши.
,,Нашата амбиција со овој Водич е да придонесеме кон култивирање на училишни средини каде што секое дете се чувствува безбедно, заштитено и охрабрено да се развива до својот максимален потенцијал. Веруваме дека заедничките напори на родителите, стручните служби и училишниот персонал се крајно важни во процесот на создавање на опкружување каде што насилството е категорично отфрлено“, изјави Моника Илиоска Кантарџиоска – раководителка на програми во Коалиција за младински организации – СЕГА
Катерина Златанова Попова како родител на две деца од средно училиште ги покани сите заинтересирани родители и професионалци да се запознаат со Водичот и да се приклучат кон напорите на Меѓаши за подигање на свеста и активно учество во креирањето на посветла и побезбедна иднина за децата.
Светлана Тодоровиќ - училишен психолог во СУГС Георги Димитров како и Вероника Петрова – Претседателка на ученичкиот парламент во СУГС Георги Димитров и Јана Николовска – средношколка во СУГС Орце Николов и волонтерка во ПДАС Меѓаши, беа согласни дека денес семејството претрпува значајни промени во својата структура, функции и динамика, соочувајќи се со многубројни предизвици како сиромаштија, дискриминација, насилство, социјална исклученост и разводи. Но, независно од овие промени и предизвици, потребите на децата за љубов, грижа и внимание остануваат непроменети. Во овој контекст, училиштето се појавува како критична институција во животите на децата, место каде тие треба да наоѓаат безбедност и поддршка, околина која ќе ги охрабрува и ќе го стимулира нивниот развој и учење.
Реалноста денес нè поставува пред сериозен предизвик во контекстот на превенцијата и справувањето со насилството во училиштата. Честопати за жал училишните средини се претвораат во извор на стрес и траума. Насилството во училишната средина значително влијае врз децата, предизвикувајќи отсуство од настава, паѓање на училишниот успех, загуба на мотивација и чувство на страв и несигурност. Токму затоа, создавањето безбедни и ненасилни средини за децата не е само цел, туку и императив на современото општество.
Преку организирано и свесно дејствување кон менување на ставовите, рано препознавање и спречување на насилството, како и негување на позитивна атмосфера, ќе се изгради заштитна мрежа која ќе обезбеди помош и поддршка за сите ученици. На тој начин, училиштата ќе станат места каде се негува културата на ненасилство и се промовира безбедна средина за секое дете. На крајот, треба да се потсетиме дека нема поголема инвестиција од таа во добросостојбата и безбедноста на децата. Нивната сигурност и благосостојба се врвен приоритет!
Публикацијата е достапна на македонски, албански и турски јазик, во електронска форма.
Материјалот во оваа публикација е интерактивен и усогласен со домашните закони и меѓународните документи, инструменти и стандарди за заштита на децата и нивните права.
Проектот „Промоција на безбедна училишна средина" го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi, SmartUp - Social Innovation Lab и МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование / МСЕС, а со поддршка на Детската фондација Песталоззи/Kinderdorf Pestalozzi.
-
LIVE
SNEAKO
7 hours agoSNEAKO RETURNS TO DESKTOP - UFC 302 WATCH PARTY
5,304 watching -
1:56:06
TimcastIRL
1 day agoTrump Raises RECORD $52.8 MILLION In One Day, Bonus Uncensored Show w/Laura Loomer | Timcast IRL
32.9K156 -
23:19
Scammer Payback
4 days agoWe Created the First Ever 𝗔𝗡𝗧𝗜-𝗦𝗖𝗔𝗠 Call Center
170K217 -
1:11:09
LFA TV
14 hours agoTRUMP GUILTY…OF LOVING AMERICA! Ft. Hayley Caronia & Vish Burra | LAST CALL 6.1.24 8PM EST
22.5K15 -
1:02:02
The Kirk Minihane Show
5 hours ago420 Show
12.3K -
1:06:35
Patriots With Grit
4 hours agoSpeaking Up, Pushing Back | Daniel McGirr
15.2K4 -
56:19
Total Horse Channel
2 days ago2024 Buckeye Reining Series | Saturday Night | 7:30 pm EST
19.1K1 -
1:15:38
Steve-O's Wild Ride! Podcast
2 days ago $0.22 earnedG Eazy Opens Up About Falling Off - Wild Ride #217
23.8K11 -
18:44
We Profit with Stock Curry
6 days agoUltimate Advice for Teens & Young Adults
29.2K12 -
LIVE
Lofi Girl
1 year agoSynthwave Radio 🌌 - beats to chill/game to
202 watching